Резултати за пребарувањето: ар
зарика | св.
Почне да рика. По пасиштата зарикаа говеда.
китара | ж.
Вид жичен музички инструмент.
оружар | м.
Занаетчија што изработува или поправа оружје; пушкар.
зајчар | м.
Вид ловечко куче со кое се ловат зајаци.
јарина | ж.
Волна од јагне или од овца при повторното стрижење.
зарига | св.
Почне да рига, да блуе. Детето одеднаш зарига.
паркет | м.
Посебно обработени, мазни штички што служат за обложување на под. Дабов паркет.
дрндар | м.
Лице што дрнда волна. Во селото има само еден дрндар.
оварда | прид.
Што е широкодушен, дарежлив, услужлив, љубезен. Оварда човек.
обарен | прид.
Што е малку сварен. Обарен компир.