Резултати за пребарувањето: ар

повари | св.

Вари малку, кратко време или уште малку;

подари | св.

Даде некому подарок; дарува. Подари му книга за роденденот.

попара | ж.

Издробен сув леб попарен со врела вода со масло и сл., или во млеко, чај и др.

картал | м.

Мршојадна птица, вид орел; Vultur monachus.

ѓубрар | м.

Тој што го чисти и го собира ѓубрето; ѓубреџија. Се слушаа само гласовите на ѓубрарите во подолните улици.

зароси | св.

Почне да роси. Надвор пак зароси.

плакар | м.

Дел од мебел, вграден орман в ѕид, со врата и рафтови.

гуслар | м.

Човек што свири на гусла. Гусларот свиреше на гуслата и пееше јуначки народни песни.

курвар | м.

Тој што е блудник, развратник. Се омажи за пијаница, коцкар и курвар.

плитар | м.

Непечена тула, ќерпич. Ѕид од плитари.