Резултати за пребарувањето: аџија
гагаџија | м.
Човек што сака бесплатно да добива разни услуги, обично јадење и пиење. Се собраа сите гагаџии.
алваџија | м.
Лице што произведува или што продава алва.
бозаџија | м.
Произведувач и продавач на боза.
шакаџија | м.
Оној што прави шака, што се шегува; Тој е познат маалски шакаџија.
бељаџија | м.
Тој што прави беља. Малечок е, ама голем бељаџија.
митаџија | м.
Тој што прима мито.
рабаџија | м.
илјаџија | м.
содаџија | м.
Производител или продавач на сода-вода. Млад содаџија.
бандаџија | м.
Член на музичка банда, музикант.