Резултати за пребарувањето: аџија

арабаџија | м.

Човек чиешто занимање е да превозува стока со запрежна кола.

балтаџија | м.

Тој што прави балтии.

бандаџија | м.

Член на музичка банда, музикант.

вреваџија | м.

Лице што зборува многу гласно, што вреви. Тој не работи, тој е само вреваџија.

гајдаџија | м.

Свирач на гајда. Гајдаџиите го расположија народот.

динкаџија | м.

Воденичар во динка.

зурлаџија | м.

Тој што свири на зурла. Образите му се дуеја како кај зурлаџија.

кавгаџија | м.

Тој што предизвикува кавги. Не се дружам со кавгаџии.

картаџија | м.

Тој што често се карта. Тој навечер со познатите картаџии играше карти.