Резултати за пребарувањето: аџија

шајкаџија | м.

Учесник во разбојничка банда, бандит; Од мирни деца станаа шајкаџии.

сармаџија | м.

Тој што сака да јаде сарма. Тој е голем сармаџија.

мандраџија | м.

Човек што работи во мандра.

тројкаџија | м.

Ученик што е оценет главно со тројки.

сметкаџија | м.

Човек што не прави ништо без сметка, без да има лична полза. Сметкаџии и злобници колку да сакаш, ги има на секој чекор.

газозаџија | м.

Продавач на газоза. Го чекаа газозаџијата да дојде.

ѓурултаџија | м.

Тој што крева голема врева. Со „право" или без, ѓурултаџијата се најде меѓу нас.

дограмаџија | м.

Лице што изработува предмети од дрво, столар.