Резултати за пребарувањето: а

папа 2 | м.

Поп, обично се става пред името. Папа Никола.

шаша | ж.

Слама, шума, силажа од пченка подготвена од стеблото со дробење и ситнење што се користи во подготвувањето ѓубрива за прихранување на почвата. Шашата од пченка се користи за прихранување на почвата. Пченкина шаша.

кима | несв.

Со движење на главата изразува согласување или незадоволство, загриженост и сл.; поздравува со такво движење на главата. Тој ги одобруваше неговите зборови кимајќи со главата. А господинот при поздрав само учтиво кимаше со главата.

Кина | ж.

Држава во Азија.

пала 1 | ж.

Вид сабја со кратко, широко сечило и рачка обложена со ковано сребро. Гаваз со остра пала на појас. Камшици и пали.

шора | несв.

ајти

Зборот е поврзан со:

мера 2 | ж.

Слободна земја оставена за пасиште.

гуна | ж.

Селска топла горна облека сошиена од шајак. Нашиот селски терзија шиеше селски гуни, џамадани, бечви и др.