Резултати за пребарувањето: а

кика | ж.

Сплетено или врзано перче коса. Секогаш ја гледа како малечко девојче, со мали кики и голема панделка на главата.

шлаг | м.

Цврст, сладок крем од добро изматено масло од млеко што се употребува за торти и за слатки, обично се става на крајот и како декорација. Колачиња украсени со шлаг. Кафе со шлаг. Цврсто изматен шлаг. Колачињата имаат два шлага.

аври

Зборот е поврзан со:

папа 2 | м.

Поп, обично се става пред името. Папа Никола.

дара | ж.

Разлика во тежина меѓу стоката и амбалажата во која се наоѓа.

срма | ж.

Конец обвиен со сребрена или златна нишка што се употребува за везење или за изработка на слики со филигрански мотиви. Бела срма. Вез со срма и мониста. Носија извезена со срма.

софа | ж.

Вид диван за лежење и за седење; канабе. Голема, стара софа за одмор.

соја 2 | ж.

Греди што потпираат домашна лоза.

шија | ж.

Дел од телото на човек или на животно што ја спојува главата со трупот, Таа го фати за шијата. Долги шии. Ја зеде кокошката и ѝ ја свитка шијата.

лика 1 | ж.

Таа ги имаше мајчините очи и мајчината лика.