Резултати за пребарувањето: а
врзан | прид.
Што е ограничен, што е оневозможен слободно да дејствува. Човек врзан со окови. Врзано куче. Робје врзани. Врзан за работата.
налеп | м.
Болест кај растенијата.
џевап | м.
Одговор. Даде џевап.
џвака | несв.
Ситни, дроби со заби и размекнува храна и др. Го извади парчето леб и почна да џвака. Џвака тутун. Џвака мастика.
чунка | ж.
Едно вретено преѓа. Жената испрела една чунка.
џвало | ср.
Уста на ѕвер.
чумба | м.
накит | м.
Украсен предмет што се носи на некој дел од телото (прстен, обетки, ѓердан и др.). Скапоцен накит. Златен накит. Кутија за накит.
накај | предл.
Пространствено значење – насока на глаголското дејство. Одејќи накај Вардар се сретнавме со новиот директор. Тајниот излез води накај катакомбите.
налои | св.
Намачка со лој.