Резултати за пребарувањето: а

чунар | м.

Тој што управува, што плови со чун. Му плати на чунарот да го префрли на другиот брег од реката.

намуз | м.

Образ, чест, чесност. Сиромаси биле, ама намузот си го чувале.

квака | несв.

Испушта звук, глас ква-ква, карактеристичен за жаба и за некои птици. Во дворот квака јато гуски.

џвака | несв.

Ситни, дроби со заби и размекнува храна и др. Го извади парчето леб и почна да џвака. Џвака тутун. Џвака мастика.

џвало | ср.

Уста на ѕвер.

усташ | м.

Припадник на хрватска фашистичка организација.

џевап | м.

Одговор. Даде џевап.

напев | м.

Мелодија, песна што се пее. Народни напеви. Тажен напев.