Резултати за пребарувањето: а

фарба | ж.

Боја. Фарба за коса. Фарба за јајца.

жртва | ж.

Тоа што се принесува како дар на некое божество во знак на благодарност или за придобивање милост. Новата жртва ја водат кон жртвеникот.

накот | м.

Родот што го окотило некое животно што се коти (мачка, лисица, глушец и др.). И змијата по присоите си го грее својот накот.

волна | ж.

(само едн.) Густи влакна што го покриваат телото на некои животни (овци, камили и сл.). Го галеше јагнето по меката волна. Ги вардеше овците да не си ја оскубат волната низ шипјето.

нанос | м.

Тоа што го надонесува водата (река, поплава) кога ќе надојде. Патот беше затрупан со наноси од песок по поплавата. Нивјето им се родни од наносите на реката.

факел | м.

Прачка, палка чиј еден крај е намотан со колчишта и премачкан со нешто што може да дава и одржува пламен. Коњаници наоружани со факли во рацете. Фрлил запален факел во бурињата со барут.

фарба | несв.

Бојадисува. Ја фарбаат оградата зелено. Почна да ја фарба косата костенлива.

хуман | прид.

Што е човечен во постапките, достоен на човекот; човекољубив, милосрден. Хуман сограѓанин. Хумана професија. Хумани пораки.