Резултати за пребарувањето: а

чукар | м.

Стрмна и каменлива височинка. Селаните се разбегаа по блиските чукари. Накачи горе кај чукарите.

фајде | ср.

(разг.) Корист, интерес. Од тоа нема фајде? Кога видела дека нема фајде, си заминала.

килав | прид.

Што е заболен од кила, што има кила.

наеро | прил.

Накривено, настрането. Капата му е наеро. Ја ставил шапката наеро.

наеме | св.

фазла | прил.

Отповеќе, повеќе од определеното, од потребното. Фазла пари. И не ми рече (таа) ниту еден лаф фазла. Јас немам фазла животи.

фазон | м.

Начин на изработка, облик, крој. Фазонот на палтата тогаш бил поинаков. Па кога ќе им даде фазон на реверите! Фазон на шапка.

фагот | м.

Дрвен дувачки музички инструмент со длабок звук. Свири на фагот.

кивка | несв.

Кива по малку.