Резултати за пребарувањето: а

флека | ж.

Извалкано место на облека; дамка, петно.

фраза | ж.

а) Зборовен состав, израз што искажува завршена мисла; реченица. Во разговорот дамите користеа и цели француски фрази. б) Затврден израз, затврдена конструкција.

фрлач | м.

(воен.) Орудие, направа или уред за фрлање мини, гранати, пламен и сл. Цела ноќ биеја со фрлачи и митралези.

харфа | ж.

Инструмент со многу вертикално оптегнати нееднакви жици на триаглеста рамка. Звуци од харфа. Свири на харфа.

ферма | несв.

Почитува, обрнува внимание некому. Не ферма никого. Не ферма ни татко, ни мајка. Кој го ферма?!

налеп | м.

Болест кај растенијата.

адути

Зборот е поврзан со:

фарма | ж.

Земјиштен посед, заедно со објектите на него, на кој се одгледуваат земјоделски култури или стока и живина. Живинарска фарма. Сточарска фарма.

кварт | м.

Дел од градот, градска четврт, реон. Таа живее во новиот кварт од градот.

фарба | ж.

Боја. Фарба за коса. Фарба за јајца.