Резултати за пребарувањето: а
чојар | м.
Тој што произведува или што продава чоја
черга | ж.
Вид дебела ткаенина за постилање или за покривање. Парталава черга. Ја смете одајата и ги посла чергите. Ткаеше черги од партали.
часум | прил.
Часум скокна од постелата.
итака | сврз.
Искажува исполнет услов, погодност за вршење дејство; штом, кога веќе. Итака сте тука, да се договориме што ќе правиме понатаму со него. Итака ми е многу скапо, ќе му го откажам договорот.
врзма | ж.
Мрежа за пренос на слама, трева и сл. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите и други работи. Си ги наполни врзмите со трева.
четка | ж.
Направа за чистење, четкање, рибање и др., направена од цврста подлога (дрвена, пластична, коскена и сл.) во која се прицврстени влакна, природни или вештачки или нешто слично на тоа. Четка за чевли. Четка за алишта. Четка за заби.
чокан | м.
Мало стаклено шише од кое се пие ракија. Момокот донесе два полни чокана.
чапја | ж.
Преселна птица што живее на блатно земјиште, бела или сива, слична на штрк; Ardea.
насто | прил.
Процент изразен со број. Лебот поскапел за 3 насто.
чапла | ж.