Резултати за пребарувањето: а

чушка | ж.

Мешунка. Афионова чушка. При зреење чушката лесно пука и памукот лесно се вади.

чкива | несв.

Гледа, набљудува некого. Чкиваше под око кон девојките.

чирак 2 | м.

Свеќник на кој се ставаат една или повеќе свеќи. На масичката стоеше сребрен чирак со запалена свеќа.

чкрта | несв.

Чкрипи, испушта специфичен звук. Над секој поток неуморно чкртаа воденици.

гунак | м.

Вид гуна.

чирав | прид.

Што има чиреви по телото.

чилаш | прид.

За коњ ‒ што е со дамки по телото.

куцка | несв.

Куца по малку. Куцкаше, а патерица нејќеше да носи.