Резултати за пребарувањето: а
калап | м.
Посебно изработен предмет со помош на кој се обликува тоа што се произведува, што се изработува или поправа. Чирачето му го донесе дрвениот калап за чевли. Беа празнично облечени, со фесови извадени од калап. Жешката маса се истура во помали и поголеми калапи. Калап за торта.
окара | св.
искара. Дедото ги окара децата.
штука 1 | ж.
Слатководна риба грабливка; Esox lucius.
диван | прил.
Простум. Стои диван пред свекрвата.
чапне | св.
Грабне наеднаш, зграпчи. Тој цврсто ја чапна за фустанот. Мачето го чапна рипчето и избега.
окапе 1 | св.
Искапе, избања. Таа ги окапе децата и ги легна да спијат.
диван | м.
Отоман, канабе, софа. Стар диван. Легна на диванот.
океан | м.
Голема водена површина меѓу континентите. Атлантски Океан. Бучен океан.
олкав | зам. прид.
Што е олку голем, со оваа големина, во олкав број, количество, степен и сл. Да ги видиш олкави во вратовите, прави, здрави – како волци. Олкаво мажиште станал. Од каде олкава дрскост кај едно толку младо девојче.
шурка 2 | несв.
Блика, обилно тече, се излева во силен млаз. Шурка студена вода од селската чешма.