Резултати за пребарувањето: а
штека | ж.
Пакување, пакет од 10 кутии цигари или некоја друга слична стока. Штека цигари. Штека женски тенки чорапи. Камионот беше полн со пакети со штеки цигари.
чирак 1 | м.
Ученик при мајстор занаетчија.
џумка | ж.
Оток добиен од силен удар или од некое заболување, најчесто во пределот на главата. Од тепачката имаше голема џумка на главата. По ударот на челото му израсна џумка.
шугав | прид.
Заболен од шуга, крастосан. Шугаво дете со висока температура. Шугава овца. Шугави рани од непознато потекло. Шугави раце од алергија.
цутка | ж.
шурка 2 | несв.
Блика, обилно тече, се излева во силен млаз. Шурка студена вода од селската чешма.
шурна | ж.
заучи | св.
Почне да учи. Заучи нов занает.
цутар | м.
Старо, народно име за месецот март.
цупка | несв.
Потскокнува, подрипнува. Детето цупкаше по тревата.