Резултати за пребарувањето: а

сал | м.

Примитивно пловно средство; сплав.

сал | прил.

Само, единствено, исклучиво. Сите дојдоа, сал тој не дојде. Немаше никаде дрвце, сал песок и кал. Збор не прозборе, сал стоеше вџашено.

ѓоа | чест.

Божем. Појде во кералот, ѓоа по некоја работа и набрзина испи голема голтка ракија

апе | несв.

Каса, гризе. Јас си ги апев во бес прстите. Ова куче многу апе.

сат | м.

соа | ж.

дан | изв.

ада | ж.

Речен или езерски остров. На адата има два извора.

апс | м.

Затвор. А мене ме држеа по цел месец в апс секоја година.

ами | сврз.

а) За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени. Тој не јадеше, ами голташе ненаситно. Тоа не биле девојки, ами недораснати моми. б) не само... ами и. Сврзнички спој на дистанција со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Таа треба да мисли не само за себе ами и за она девојче што е со неа.