Резултати за пребарувањето: а
шлап! | изв.
За подражавање звук.
шлиба | несв.
Нагло повлекува, затегнува, одеднаш стресува. Тој го шлиба јажето.
штица | ж.
Парче добро обработено дрво, плоскато и со определена правоаголна форма. Под од убаво изработени тенки штици. Прозорците беа обрабени со лакирани штици. Одеше по штицата и се тетеравеше. Штиците крцкаа под неа. Дабова штица.
шлак! | изв.
За подражавање звук што се слуша при некаков удар (шлаканица) или нешто течно што паднало, што се разлеало; Тој замавна и се слушна едно силно: шлак!
шитка | несв.
Фрла, расфрла. Таа ги шитка книгите на сите страни.
шлака | ж.
Талог, отпадок, згура што се добива при процесот на топење руда.
думан | м.
Облак од чад, густ чад. Пламни и думани се креваа до небо.
пазач | м.
ширка | ж.
Растение со зрнести плодови од кои се добива шеќер, познато како суданска трева или шеќерно просо; Andropogon sorghum californicium.
Каиро | ср.
Главен град на Египет.