Резултати за пребарувањето: а

шатче | ср.

Младо од шатка и од шатор. Питоми шатчиња. Бели шатчиња.

шлап! | изв.

За подражавање звук.

шанса | ж.

Можност, погоден, добар услов за извршување нешто, за успех во некаква дејност. Реални шанси. Втора шанса. Историска шанса. Единствена шанса. Убава шанса. Какви се шансите да успее? Има шанси да ја поправи оценката.

шанец | м.

Ров, окоп. Ископаа шанец длабок два метра.

есапи | св.

Смета, пресметува. Ние есапиме дека поминале триесет и пет години од неговата смрт.

шаман | м.

Свештеник кај некои народи (Монголци, Татари и некои верски движења во Јужна Америка). Шаманите го изведуваат својот утрински ритуал.

шамот | м.

Посебен вид глина за правење огноотпорни тули.

шалаг | м.

Дел во составот на јајцето, дел од белката со повидлива структура. Шалазите се составен дел од јајцето.