Резултати за пребарувањето: а
шлап! | изв.
За подражавање звук.
шлиба | несв.
Нагло повлекува, затегнува, одеднаш стресува. Тој го шлиба јажето.
шлака | ж.
Талог, отпадок, згура што се добива при процесот на топење руда.
елмаз | м.
Скапоцен камен, дијамант.
јамак | м.
Вид бакарен сад за вода, за ракија или за готвење. Помина млада жена со јамак за вода. Во јамакот стави грст грав и вода и го стави на оган.
кабил | прид.
Што е во состојба, што е спремен нешто да направи, способен. Ако не кажеш ти, таа ќе е кабил да каже.
шлака | несв.
Произведува звук удирајќи со дланките во нешто или дланка со дланка. Тој шлака по масата додека зборува. Тие шлакаа со дланките во знак на протест.
шпага | ж.
Гимнастичка или балетска фигура кога телото е во седечка положба, а нозете се расчекорени, се отвораат под агол од 180 степени и оформуваат права. Правеше шпага на високата греда.
штета | ж.
Загуба, материјална или морална состојба на намалување на вредноста на нешто. Тие проценија штета од неколку милиони. Непроценлива штета. Материјална штета. Штетата ќе се процени од страна на стручни лица. Таа му нанесе штета и болка.
сенар | м.
Продавач на сено.