Резултати за пребарувањето: а

етапа | ж.

Одделен степен, фаза, период во развојот на некаков процес. Развојна етапа. Етапи на реализација.

плата | ж.

Определена сума пари што му припаѓаат на вработениот по една или повеќе основи за вршење работи што произлегуваат од работниот однос. Месечна плата. Прва плата. Тие редовно примаат плати. Државни плати. Ниски плати.

пашин | прид.

Што припаѓа на паша2. Пашина војска. Пашини ќерки

јалов | прид.

Што не е плоден. Јалова овца. Јалова земја.

шасла | ж.

Многу стара сорта грозје со средни по големина, валчести зрна. Виолетова шасла. Бела шасла.

смрда | св.

Одеднаш почне да мрда, замрда. Јарето смрда со нозете и се исправи.

шатор 1 | м.

Мажјак од шатка. Низ дворот се шеташе бел шатор.

конак | м.

(истор.) Седиште на управата во турско време. Му судеа во конакот.

шашка 2 | ж.

Врзоп, сноп пченка. Шашките ги групираа на едно место.