Резултати за пребарувањето: а

скала 1 | ж.

а) Преносна направа од дрво или метал направена од две паралелни долги гредички поврзани со попречни пречки по кои се гази, за качување и слегување. Се поткачи на скалата да ја дофати книгата. Премести ја скалата да ја наместам завесата. б) Секоја од попречните пречки по кои се гази; скалило.

скала 2 | ж.

Голема камена маса; камена маса со еднородна структура; карпа. Од левата страна имаше огромен стар јавор, а под него скала.

клапа 2 | ж.

Преграда на срцето, преку која се регулира движењето на крвта низ телото, залисток.

крчма | ж.

Гостилница од понизок ред. Селска крчма. Младите седеа по крчмите или приредуваа вечеринки кај своите врсници.

мамут | м.

Предисториско животно слично на слон, но со поголеми размери; ElephantidaeMammuthus.

грбач | м.

Тенок, еластичен камшик, во вид на прачка или сплетен од кожени ремчиња. Маваше со грбачот безмилосно по затворениците.

склав | м.

Роб, заробеник.

шамак | м.

(бот.) Барско растение, еден вид трска; шавар; Scirpus. Низ трските и шамаците се пробиваше со гумени чизми. Местото беше обрасното со густ шамак. Пространства покриени со шамак.

закоп | м.

Одбор за закоп. Се врати од закоп.