Резултати за пребарувањето: а

чувар | м.

Тој што чува нешто. Работеше како чувар. Ноќен чувар. Чувар на магазинот. Чувар на паркот.

џвало | ср.

Уста на ѕвер.

шајак | м.

Вид цврсто ткаен материјал од волна, груба и цврста ткаенина; сукно. Домашен шајак. Квалитетни и скапи шајаци за изработка на машка облека. Дебел шајак.

шинат | прид.

Што има повреден, извртен, истегнат, изместен, свиткан зглоб или тетива. Шината рака. Шинати нозе. Шинат врат. Шината половина.

алаат

Зборот е поврзан со:

куцка | несв.

Куца по малку. Куцкаше, а патерица нејќеше да носи.

пекар | м.

Тој што пече леб и други печива.

опаше | св.

Обвие појас околу половината. На крајот го опаша аловиот појас околу половината.

чкива | несв.

Гледа, набљудува некого. Чкиваше под око кон девојките.

чирак 2 | м.

Свеќник на кој се ставаат една или повеќе свеќи. На масичката стоеше сребрен чирак со запалена свеќа.