Резултати за пребарувањето: а

става | ж.

Снага, тело на човекот. Вита става. Кршна става.

лажен | прид.

Што не е вистинит. Лажно сведочење. Лажно обвинение. Лажна вест. Лажна скромност. Лажна љубов.

става | несв.

затне | св.

Затвора со нешто некаков отвор. Бинлакот го затна со плутена тапа. Ушите ги затна со дланките за да не слуша. Скршениот прозорец го затнаа со ќебиња.

очила | и.

Оптичко помагало за подобрување на видот или за заштита на очите (од сонце, при работа итн.). И без очила гледам добро. Очила за сонце.

штука 3 | несв.

абење | глаг. им. ср.

Зборот е поврзан со:

шпица | ж.

Натпис што се појавува на почетокот или на крајот на филм, телевизиска емисија и сл. Одјавна шпица. Насловна шпица.

шпајз | м.

Одделна просторија во домот каде што се чуваат прехранбени продукти, обично сместена до кујната. Тесен шпајз. Темни шпајзови.

штета | ж.

Загуба, материјална или морална состојба на намалување на вредноста на нешто. Тие проценија штета од неколку милиони. Непроценлива штета. Материјална штета. Штетата ќе се процени од страна на стручни лица. Таа му нанесе штета и болка.