Резултати за пребарувањето: а

џитка | несв.

Фрла силно со замавнување. Можеби џиткаат чифтиња.

џонка | ж.

Вид дрвен едреник со висока крма, што се користи за пловење на блиски растојанија во Југоисточна Азија.

скија | ж.

Спортски реквизит за лизгање по снег, вода и сл.

пишка | несв.

Јачи, лелека, офка.

шамот | м.

Посебен вид глина за правење огноотпорни тули.

џибра | ж.

Комина, комиње. Џибрата ја извади, остана само виното.

залез | м.

Заоѓање на сонцето зад хоризонтот; заод, зајдисонце; изгрев. Залез на сонцето. Од изгрев до залез работеше по нивите.

склап | м.

Речен бран, место каде што бранот вода удира во брегот на реката и пак се враќа во коритото.

дрпав | прид.

Што е искинат, парталав. Дрпава облека. Дрпаво дете.

склав | м.

Роб, заробеник.