Резултати за пребарувањето: а

отказ | м.

Акт за прекинување на договорен или службен однос, за отпуштање од работа, од служба. Директорот подели неколку откази. Шефот му врачи отказ. Отказ на договор. Даде отказ на работното место.

чилаш | прид.

За коњ ‒ што е со дамки по телото.

чирав | прид.

Што има чиреви по телото.

чулав | прид.

Што има мали, куси уши.

запче | ср.

осуда | ж.

пресуда. Тој беше ослободен од секаква осуда и пуштен на слобода.

чекан | м.

Рачен алат за набивање или ковење. Дрвен чекан. Чеканите од тенеќеџилниците чукаат во еден ритам. Ковачки чекан.

осука | св.

Развие кора од тесто или вид јадење од сукани кори; Осука една кора. Осука зелник за ручек.

домат | м.

Вид едногодишно градинарско растение со црвени, тркалезни и сочни, месести плодови што се користат во исхраната (за салата, сок, додаток при готвење); плодот на ова градинарско растение; Lycopersicum esculentum. Плодот на доматот е сочен. Имале големи плантажи на кои одгледувале домати. Кошница полна со домати. Летно јадење од домати и пиперки.