Резултати за пребарувањето: а

азил | м.

Заштита што една држава им ја укажува на политичките емигранти од странски земји. Им даде азил на воените бегалци кога беа најзагрозени.

гуга | несв.

За бебе – испушта глас „гу-гу“. Во третиот месец бебето почна да гуга.

ѓаур | м.

Неверник, христијанин, немуслиман; Таму имало луѓе-ѓаури што не признавале ни цара ни везира

гиба | несв.

Допира, пипа. Не гибај ме!

анус | м.

Заден отвор на дебелото црево кај човек или кај животно.

Гиза | ж.

Предградие на Каиро, Египет.

ѓаче | ср.

Дете што му помага на свештеникот за време на големите празници при богослужбата.

Ганг | м.

Река што тече низ Индија и Бангладеш.

гама | и.

(муз.) Низа од тонови со интервали.

Гана | ж.

Држава во Африка.