Резултати за пребарувањето: а

опнат | прид.

Што е затегнат, оптегнат. Неговото лице со опната кожа одвај го прикриваше бесот. Едрилица со опнати платна. Опнат конец.

впика | св.

Втера, внесе сосила. Го искачи по скалите и го впика во една од собите.

храна | ж.

Тоа што се јаде и се пие за да се одржува организмот во добра состојба. Здрава храна. Зрнеста храна. Сточна храна. Готвена храна. Конзервирана храна. Војничка храна. Изобилство од храна. Торба со храна. Резерви на храна. Храна за птици.

царее | несв.

хидра 2 | ж.

Мало слатководно мекотелно животно; Hydra viridis.

опасе | св.

За животно – изеде сè што е за пасење, изеде сè и до крај. Овците ја опасија целата ливада.

хидра 1 | ж.

Во старогрчката митологија – многуглаво змијолико суштество.

хелда | ж.

Вид житно растение со зрнест, триаглест плод; Fagopyrum esculentum.

хауба | ж.

Преден, подвижен дел од каросеријата на автомобил. Подигната хауба. Се потпре на хаубата.

хефта | ж.

Метални делови што се ставаат во хефталката и со кои се хефта.