Резултати за пребарувањето: а

дада | ж.

Назив за сестра; сестричка. Има дада и батко. Дада сум на две помали сестрички.

Дака | ж.

Главен град на Бангладеш.

дава | несв.

ажур | м.

Вез, плетка со шуплики.

атом | м.

(физ. и хем.) Најмал дел од еден елемент што го задржува неговиот хемиски идентитет, составен од јадро и од електрони. Атомот го држат кохезиски сили. Молекулата е составена од атоми.

дави | несв.

Насилно сопира нечие дишење, стега за врат; задушува. Тие луѓе пукаат, колат, дават, уништуваат без милост и разум.

драг | прид.

Што предизвикува радост, среќа, задоволство; мил, пријатен, убав. Драг поглед. Драга девојка. Драго село. Драги предмети.

есап | м.

Сметка. Не мешај ми се во мојот есап.

бања | ж.

Минерални извори со уреди за капење, лекувалиште. Ја запозна во бањата, каде што се лечеше од ревма.

алат | м.

Орудие или прибор за еден занает или за рачна работа. Си го продаде и алатот од ковачницата. Ја зеде торбичката со алатите.