Резултати за пребарувањето: а

онака | прил.

а) На онаков начин, на оној начин. Гласај онака, како свеста што ти наложува. Пред тоа им рекол на другите да сторат онака како што мислат дека е најарно. б) При споредување – на ист начин, во иста мера. Но, онака како што тие те сметаа тебе недостоен за своите тајни, така и ти ги сметаше за недостојни.

чапне | св.

Грабне наеднаш, зграпчи. Тој цврсто ја чапна за фустанот. Мачето го чапна рипчето и избега.

фајде | ср.

(разг.) Корист, интерес. Од тоа нема фајде? Кога видела дека нема фајде, си заминала.

омјаз | м.

Лице; изглед на лицето. Молневито го улови неговиот омјаз во ретровизорот. Омјазот на момчето му беше познат.

гамен | м.

Некултурно и невоспитано детиште, уличар, хулиган. Во училиште беа вистински гамени.

катиљ | м.

Престапник, злосторник, убиец. Ќе му го донесам јас умот на тој катиљ.

кожар | м.

Тој што обработува и изработува предмети од кожа; трговец со предмети од кожа.