Резултати за пребарувањето: а
пашка | несв.
Прогонува, брка. Старецот ги пашкаше децата и мавташе со кривото бастунче.
кибар | прид.
Што е отмен, елегантен, уреден, педантен; што е достоинствен, горд. Кај е за него оваа куќа домаќинска и вакво кибар девојче.
факла | ж.
фоаје | ср.
Во театар, кино, концертна сала и сл. ‒ просторија во која се задржува публиката пред претставата и за време на паузите. Во фоајето беше отворена ретроспективна изложба.
кошка | несв.
Удира со нога нешто. Ги кошкаа расфрлените предмети.
локач | м.
Човек што многу пие; пијаница.
црпка | ж.
Лејка или нешто друго приспособено како сад за црпење. Црпка за вода. Суви црпки.
канат | м.
Крило од врата или од прозорец.
какол | м.
Растение со сино-црвеникави цветови и отровно семе што расте по ливади и ниви; Agrostemma githago. Селанките ја чистеа пченицата од каколот.
канче | ср.
Дем. од кана2. Побара вино, му тутнаа в рака канче козјо млеко.