Резултати за пребарувањето: а

гусар | м.

Човек што плови со брод и пљачка други бродови, морски разбојник; пират. Оддалеку се гледаше црното знаме на гусарите со мртовечка глава и две прекрстени коски.

рента | несв.

Издава под наем недвижен имот и др. за да се здобие со приход без да вложи труд. Тој го рента камионот.

репка | ж.

Вид трупка со месест задебелен корен што се користи во исхраната; Raphanus sativus. Напролет се одгледува репката, а наесен репата. Репката и репата имаат умерена потреба за топлина.

махер | м.

Снаодлив човек, мајстор, специјалист (често и во негативно значење). Тој е махер за компјутери.

ѓокат | м.

Бел, белузлав коњ. Се друскаше на тенконог ѓокат.

батко | м.

Дома ли е батко ти Мирче, моме?

белач | м.

Тој што бели, варосува; молер.

рикша | ж.

Лесна двоколка за пренесување патници и багаж што ја влече човек (во земјите на Јужна и Источна Азија). Изнајми рикша. Прошетавме со рикша.

маков | прид.

Што потекнува од мак или се однесува на мак. Маково семе. Маков цвет.