Резултати за пребарувањето: а
психа | ж.
Душа, дух. Психата на малограѓанинот. Детска психа.
такам | м.
Комплетна опрема, севкупен прибор. Коњски такам. Три таками за куќите 2. Костум, руба. Тој купи штоф и си направи еден такам облека. Секој ден таками менува.
морга | ж.
Оддел во болница каде што се оставаат привремено телата на непознати мртовци или за аутопсија. Закопани во моргата на историјата.
морач | м.
Лековита, ароматична, зачинска, медоносна, хранлива и индустриска билка, висока од еден до два метра со пријатен мирис и вкус; Foeniculum vulgare.
ајљаз | м.
Безделник, неработник, мрзливец, скитник.
мркач | м.
Мажјак кој се мрка. Овен мркач.
докај | предл.
За означување на приближен временски период. Општинските работи се наоѓале во рацете на малубројните трговци докај 60-тите години. Пазарот свршува докај ужина.
доказ | м.
Непобитен факт, документ или податок со кој се утврдува вистинитоста на нешто. Тоа е достатен доказ за херојство. Докази има колку што сакате! За оваа хипотеза нема сигурни докази.
сјаен | прид.
Што сјае, што дава силна светлина. Сјајна ѕвезда. Сјајна месечина. Сјаен ореол.
пруса | несв.
Оди ситно-ситно, со брзи и ситни чекори. Девојчето прусаше по калдрмата.