Резултати за пребарувањето: а

скрка | ж.

Неплодна каменлива земја. Задишани се качуваа по скрките.

скрца | св.

сурма | ж.

Козметичко средство, боја во прав за бојосување на трепките и под трепките направена од прав од антимон и маст.

астар | м.

Постава; ткаенина за постава.

окапе 1 | св.

Искапе, избања. Таа ги окапе децата и ги легна да спијат.

мрава | ж.

Ситен инсект од родот опнокрилци, кој живее во големи заедници; Formica. Жолти мрави. Мравите се качуваа по чардаците. Мравата го надви мастодонтот. Го оставија на мравите да го јадат.

слага 3 | несв.

мочка | несв.

Испушта моч.

слајд | м.

Специјално подготвена фотографија за проектирање на екран. Ги гледаа слајдовите од патувањето.

камни | и.

Множина од камен