Резултати за пребарувањето: а

волја | ж.

Една од основните психички способности на човекот која управува со неговите свесни постапки и решава дали нешто ќе се направи или не. Никој не можел да ја скрши неговата челична волја. Само мојата волја определува што ќе ми се случува.

басна | ж.

(лит.) Кратка епска творба во стих или во проза со поучна содржина, во која луѓето и нивните карактеристики обично се претставени преку животни, растенија или предмети. Волкот е редовен актер во басните.

абдал | м.

Глупак, будала. Трај бре, абдал!

мршав | прид.

Неисхранет, слаб. Мршав човек. Мршава снага. И се тресеа мршавите раменици. Болеста ја правеше сè помршава. Мршав добиток.

папса | св.

Се измори многу, премали. Мајката папса од долго бдеење. Носачите папсаа од умора. Коњите папсаа од товарот.

крпач | м.

Тој што крпи, чевлар или шивач кој се занимава со крпење. Крпач на чевли.

табла 2 | ж.

Плоча, вообичаено дрвена, за пишување со креда во училиште. Школска табла. Табла за цртање.

забит | м.

Турски воен старешина; офицер. Напред јаваа двајца бегови и еден забит. Забитот го извади пиштолот.

пара- | претс.

Како прв дел од сложенки кој означува дека е нешто слично на нешто, дека се јавува покрај, надвор од постојното, редовното, регуларното, обично како спротивно, неприфатливо, погрешно, како заблуда, на пр. паравојска, парапсихологија.

мрмка | несв.

Зборува тивко и неразбирливо, како за себе; полугласно изразува незадоволство.