Резултати за пребарувањето: а

баш- | претс.

Како прв дел од полусложенки со значење ‒ прв, главен, најдобар, најважен; првокласен: башмајстор, башместо, башпријател итн.

дема | ж.

Попречна греда. Деми и штици. Манастирски стари деми.

баџа 1 | ж.

Оџак, димник. Низ баџата излегуваше густ чад.

бива | несв.

диња | ж.

Едногодишно растение и неговиот плод, месест и сочен со сладок вкус; Cucumis melo. Жолта диња. Мирис на диња. Диња и лубеница.

дома | прил.

Во својот дом, в куќи. Имам работа дома. Татко му е дома. Оди си дома. Се враќаше дома кај своите. Дома нема никој.

дуда | ж.

Име на девојче дури не е крстено. Посака живот и здравје за внука си дуда.

дара | ж.

Разлика во тежина меѓу стоката и амбалажата во која се наоѓа.

дари | св.

бина 2 | ж.

Зграда, куќа. За три дена направија голема бина, сите жители се почудија.