Резултати за пребарувањето: а

рапир | м.

(истор.) Меч со двострано сечило и со шилест врв. Тој си го позна рапирот по дршката.

ролат | м.

Вид слатки од свиткано печено тесто со фил. Ролат со мармалад.

ролја | ж.

Лик што се остварува во сценско дело (театарско, филмско, оперско, балетско); улога. Тој игра епизодни ролји. Таа ја игра главната ролја во новиот телевизиски серијал.

шарпи

Зборот е поврзан со:

бакар | м.

Само еднина. Хемиски елемент, метал со темноцрвена боја; симбол Cu. Мек бакар. Позеленет бакар. Не е од чисто злато, туку од бакар или од тенекија.

ватен | прид.

Изработен, исполнет со вата. Меки ватени полнетици.

ролка | ж.

Маица, блуза со рол‒крагна. Под сакото носеше црвена ролка.

зауми | св.

Запомни, запамети. Зауми што треба да ми кажеш.

розга | несв.

За течност ‒ силно тече. Од земјата розгаше вода. Од раната розга крв.