Резултати за пребарувањето: а
Варна | ж.
Приморски град во Бугарија.
ангро | прил.
На големо, во големи количини. Трговец на ангро.
варја | ж.
Железен или дрвен алат во облик на чекан со кој се чука, кова или набива; голем чекан. Тие немале варји во рацете, туку тупаници и скорни.
расее | св.
Растури, исипе на разни страни. Момчето го расеало житото по патот без да сети. Урната ја расеавме по полето.
расип | м.
Трошок, растурање без водење сметка. Расип на парите. Расип на силата. Расип на храната.
залог 2 | м.
Глаголска категорија, својство на глаголските форми да го покажуваат односот на лицето кон глаголското дејство; дијатеза. Активен залог. Пасивен залог.
расов | прид.
расен | прид.
Што се однесува на раса. Расни разлики. Расна дискриминација.
бакла 2 | ж.
Мал дрвен сад со рамна површина во кој се става вино или ракија; буклија, матарка. Две бакли вино.
залов | м.
Вид прибор за риболов.