Резултати за пребарувањето: а

забан | м.

Дел од некогашната селска машка или женска горна облека од сукно, со ракави или без нив. На рамото ги префрли забанот и торбата и тргна нагоре. Пазарџиите беа облечени во забани и антерии.

'рнка | ж.

Ноздра. 'Рнките му затреперија.

реан

Зборот е поврзан со:

рудат

Зборот е поврзан со:

багаж | м.

Потребни работи што се носат при патување (куфери, торби и др.). Тежок багаж.

ритам | м.

Рамномерно повторување на звуци, тонови, движења и сл., во определени временски интервали (во природата, во телото на човек или животно, во сите облици на човековото творење); тек, брзина на одвивање на некое дејство и на неговите промени. Игри со брз ритам. Ритам на денот. Ритам на срцето. Во ритамот на валцерот се вртеа сите на подиумот. Ритам на животот. Воедначен ритам.

'ркач | м.

Лице што 'рка.

расат

Зборот е поврзан со:

ранат

Зборот е поврзан со: