Резултати за пребарувањето: а

попрпа | св.

За птица – прпа малку, некое време со крилјата.

попипа | св.

Пипа нешто малку, површно. За да не го разбуди, внимателно му ја попипа косата.

азимут | м.

(астр.) Аголот (од 0о до 360о) сметан во насоката од југ кон запад, меѓу јужниот дел на меридијанот на набљудувачот и вертикалата на набљудуваното небесно тело.

попита 1 | св.

(ретко) Пита, проси малку, кратко време. Тој седна пред влезот да попита некоја пара.

лигави | несв.

Испушта лиги. Детето лигави зашто вади заби. Болните животни лигават и солзат.

летало | ср.

Машина, направа што служи за летање. Вселенско летало.

лирика | ж.

Поезија во која се изразуваат личните, интимните чувства и мисли на поетот. Читаше интимна, исповедна лирика.

попива | несв.

порани | св.

Стане рано наутро. Тоа утро порани, за да стигне навреме.