Резултати за пребарувањето: а
зарипа | св.
Почне да рипа, заскока. Кучето зарипа околу нас.
потажи | св.
Тажи, жали некое време.
пофаќа | несв.
посета | ж.
а) Одење кај некого на гости, на видување, на разговор. Тој се сеќаваше на нејзините ретки, краткотрајни посети. Во себе ја нагаѓам причината за оваа ненадејна посета. б) Одење за да се види некоја знаменитост или некое место. Тоа беше неговата прва посета на Виена. За учесниците беше организирана посета на манастирот. в) Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација итн. на средба од службени потреби. Официјална посета. Службена посета. Работна посета.
Јиланд | м.
Полуостров во Европа, го сочинува Данска.
зарика | св.
Почне да рика. По пасиштата зарикаа говеда.
посега | несв.
посока | ж.
јашмак | м.
Парче платно што служи за покривање на лицето кај муслиманските жени; фереџе.
зимбва | прил.
Во текот на оваа зима. Зимбва ќе останам дома; Што ќе јадеме зимбва.