Резултати за пребарувањето: а
лисица | ж.
(зоол.) Диво, крвожедно животно од родот на кучињата, со голема рунтава опашка и со изразито издолжена муцка; Vulpes vulpes.
потура | несв.
Истура, посипува вода некому да се измие. Му потура вода на свекорот.
ѕвечка | несв.
Ѕвечи со намален интензитет. Синџирот ѕвечка околу вратот на песот. Ѕвечкаат денарите во џебот. Луѓето јадеа и молчеа, ѕвечкаа само лажиците.
потупа | св.
Тупа, тупка во мала мера, малку време. Го потупа по рамото.
потфат | м.
Преземена работа, крупно, важно дело; иницијатива. Смел потфат. Творечки потфат.
заслуг | м.
Чествување спроти слава, почеток на славење на светителот, заштитник на домот.
главно | прил.
На прво место; првенствено, обично, важно. Главно е да ја почнеш работата.
кадило | ср.
поцица | св.
Цица малку, кратко време.
пошиба | св.
Шиба, удира, бие малку, кратко време. Тој го пошиба коњот.