Резултати за пребарувањето: а
пофали | св.
Искаже пофалба за некого или за нешто. Тренерот ги пофали играчите.
пофаќа | несв.
пофати | св.
Фати нежно, внимателно; напипа (со прсти) нешто. Го пофати штофот и рече дека не е волнен.
похота | ж.
Претерана, неумерена полова страст; сладострастие. Неговиот живот е полн со телесни похоти.
гипсар | м.
Занаетчија што се занимава со изработка на предмети од гипс.
артикл | м.
Производ, трговски предмет, стока. Продавницата беше снабдена со разновидни артикли.
зандан | м.
лисина | ж.
Земјиште без вегетација, непошумена месност.
бинлак | м.
Голем стаклен сад за течност, во форма на шише, оплетен со прачки или заштитен на друг начин. Бинлак од десетина оки. Бинлаци со вино. Два бинлака ракија.
поцапа | св.
Цапа малку, кратко време.