Резултати за пребарувањето: а
закуќи | св.
Стекне куќа, дом. Тој остана в село и таму куќа закуќи.
газија | ж.
Гас во течна состојба што се користи за осветлување; петролеј. Нека светка ламбата, не карабитната, туку онаа на газија.
зазори | св.
Почне да се разденува, да се развиделува; се појави зора. Тргнаа пред да зазори. Зората зазори.
зачита | несв.
Почитува, цени. Докторот многу го зачитаат во селото.
рабина | ж.
закупи | св.
Зее под закуп. Таа закупи две ниви, сака да сади тутун. Го закупивме најголемиот ресторан во градот.
зазнае | св.
Почне да знае, да сфаќа, да разбира по нешто; стане свесен за нешто. За некои работи зазнав многу доцна.
газиен | прид.
Што се однесува на газија. Газиена ламба.
пракса | ж.
зарида | св.
Почне да рида. Тој зарида од тага.