Резултати за пребарувањето: а

предач | м.

Тој што преде. Добар предач.

залута | св.

Почне да лута, да скита; лута. Тој залута низ улиците на градот.

расказ | м.

Претставување, излагање на некоја случка, настан; раскажување, раскажувачка. Девојката го заврши својот расказ. Неговиот расказ беше неверојатен.

раскин | м.

Целосен прекин, раскинување на некаков договор, дружење, контакти и сл. Тие потпишаа раскин на договорот. Раскин на брак. Раскин на нивното дружење. Раскинот ја погоди само неа.

прегар | м.

Сува, неплодна земја. Што и да посадиш во овој прегар, ништо не успева.

прегач | м.

Парче облека што при работа се става врз другата облека заради заштита од нечистотија. Го врза прегачот и се фати за работа.

заљуби | св.

Почувствува љубов спрема некого, засака некого. Тој ја заљубил поповата ќерка и ја зел за жена.

прекар | м.

Име што се добива покрај крстеното име според некоја особина, потеклото, занаетот итн. на личноста на која се однесува. Во нашето маало сите имаат прекари. Кој е твојот прекар?

премал | прид.

Што е премногу мал. Премал прозорец. Бев премал за во училиште.