Резултати за пребарувањето: а

теизам | м.

Религиозно-филозофско учење според кое бог како посебна личност и разумна сила го создал и го управува светот.

мукава | ж.

Дебел картон за кутии, корици на книги и др. На чевлите тој ставаше мукава, книга наместо ѓон. Ветерот носеше парчиња мукава. Корава мукава.

грнета | ж.

Народен дувачки инструмент; кларинет.

јачмен | м.

Житно растение што се употребува како човечка и добиточна храна, како и за правење пиво; Hordeum sativum. Да му дадеш јачмен на магарето. Го истоварија јачменот.

комати | несв.

Дели, крши нешто на комати, на парчиња. Не комати го сиот леб!

муктар | м.

Старешина на маало во градот, селски старешина; Платен заштитник на имот и живот. Се повикуваат муктарите на одделните маала во Конакот. Оние што не сакале да ја прифатат заштитата на муктарите исчезнувале.

атеист | м.

Приврзаник на атеизмот; безбожник.

калина | ж.

калинка.

ракија | ж.

Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија.

ракува | несв.

Управува, се служи со нешто (машина, алат, оружје итн.). Тој знае да ракува со трактор. Таа ракува со машината според даденото упатство. Тој ракува со пиштолот исто толку добро како и со пушката.