Резултати за пребарувањето: а

мана 3 | ж.

Според Библијата ‒ небесна храна со која Бог ги хранел Израелците додека ја поминувале Синајската Пустина.

Маор | м.

Припадник на етничка група, домородно население на Нов Зеланд.

вала | несв.

Со тркалање преместува, обично тоа што е тркалесто; тркала.

маст | ж.

Млечен производ што се добива со биење; путер. Кравја маст.

икра | ж.

Рибини јајца.

атер | м.

Љубов, наклонетост, добра волја. Го направив од атер. За атер на мајка му му помогнав.

врат | м.

(анат.) Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот. Таа си играше со свирчето што ѝ висеше на вратот. Гуските ги издолжуваа вратовите.

маче | ср.

врач | м.

Лице што се грижи за култните обреди, свештеник на примитивните религии; маг, жрец.

мена | ж.

Промена. Во нивниот однос имаше мени, но остануваа заедно.