Резултати за пребарувањето: а
Иран | м.
Држава во Азија.
алал | м.
Благослов, желба некому нешто да му биде од корист, убаво. Да му е алал кој го измисли овој ден. Алал ти вера, дедо.
даан | изв.
Вообичаен изговор со кој се подражава биење на камбана, на часовник и сл. Часовникот отчука: даан, даан
бина 1 | ж.
Посебно уреден простор на кој се изведуваат театарски претстави, културно-уметнички програми и сл.; сцена. Широка бина. Монтажна бина.Театарска бина.
каде | сврз.
Сврзувачки збор во зависносложени реченици, во составот на зависната дел-реченица за односно (релативно) надоврзување. Сакам да знам каде одат тие.
раун | м.
Свадбен дар/дарови. Голем и мал раун му подари. Бабата го изнесе раунот за зетот. Таа се грижеше за раунот на девојчето. Како раун му даде везена кошула.
рафе | ср.
Дел од семката на виновата лоза, средиштен раб во вид на лента. Семката на виновата лоза од внатрешната страна има две бразди низ кои минува рафе.
адет | м.
Обичај што станал некој вид закон за извесна средина; што се прави по обичај, традиција, од навика. Така е адет: невенчана невеста да не се појавува на трпеза пред гостите. Свадбарски адети. Колку за адет.
апси | несв.
Става некого во затвор; лишува од слобода. Тие ќе го апсат како што ги апселе сите што ја сакаат земјата и својот народ. Него го апсеа кога треба и кога не треба.
зоба | несв.
За добиток – јаде зоб, се храни со зоб. Коњот зобаше од дрвеното корито.