Резултати за пребарувањето: а
арач | м.
Данок што се собирал во времето на османската власт од немуслиманското население. Собираа арач по една лира од глава.
бара | несв.
Сака, посакува нешто од некого; му сака нешто на некого. Гостите бараа вечера од домаќинот. Тој му бараше само еден сок, ништо друго.
срба | несв.
бара | ж.
Застојана вода во подлабоко место на површината на земјата. Жабите крекале во барите околу селото. Стапнал во некоја кална, смрдлива бара.
јава | несв.
Се движи качен на животно (коњ, магаре и сл.) Продолжија да јаваат понатаму. Јаваа на арапски коњи. Само тој може да го јава овој коњ.
јава | ж.
Стварност, реалност, будност; состојба спротивна на сон. Соништата ќе станат јава. Меѓу сонот и јавата.
Јава | ж.
Остров во Индонезија.
Сува | ж.
Главен град на Фиџи.
јаве | ср.
бла! | изв.
За подражавање на човек што многу зборува или зборува што било. Жените на улица, цел ден бла, бла. Тој читаше, а потоа продолжи бла, бла.