Резултати за пребарувањето: бор
зборка | несв.
Зборува по малку, тивко.
озбори | св.
Раскаже нешто за некого со негативна оценка. Сите од селото го озборија за неговата постапка.
подбор | м.
Избор, одбир на лица или на предмети. Секретарката ќе врши подбор на архивска граѓа. Наставникот прави подбор на текстови за ѕидниот весник.
прибор | м.
Комплет предмети, инструменти и др. што имаат слична намена и што заемно се дополнуваат. Сребрен прибор за јадење. Рибарски прибор. Прибор за бричење. Прибор за цртање.
борење | ср.
Вид спорт, борба на двајца противници заради совладување со физичка сила. Натпреварот во борење ќе се одржи идната недела.
брбори | несв.
Зборува многу, сè и сешто, за сè и сешто. Таа везден брбори со сосетките.
зборне | св.
Каже нешто малку; проговори. Зборни нешто, цело време молчиш. Таа не зборна, само климна со главата. Грлото му се стегна, не можеше да зборне. Сѐ уште и беше лут, не и зборна.
борави | несв.
Меша, обично храна при приготвување. Жената ги борави тепсиите ориз да не заварат.
жубори | несв.
Произведува жубор (за вода и други течности; за човечки гласови, за птици и сл.). Пролетните води жубореа.
разбор | м.
Разбирање, сфаќање, проценување, разумност. Нели има разбор, ќе се разбереме.